Ѓоковиќ: Не се чувствувам добро… не знам што ми е

Поразот од Ник Киргиос во четвртфиналето на АТП турнирот во Акапулко тешко му падна на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

По изненадувачкиот пораз во два сета од 7-6,7-5, најдобриот српски тенисер го пофали талентираниот Австралиец истакнувајќи дека не се чувствувал баш најдобро на теренот.

„Не се чувствувам добро…, незнам баш најдобро како да го објаснам тоа. Киргиос одлично сервираше, заслужено победи. Му честитам“ – рече Ѓоковиќ за кого ова е втор пораз сезонава, по оној во второто коло на Австралија опен кога подобар од него беше Узбекистанецот Денис Истомин.

Следниот турнир на кој вториот светски тенисер ќе настапи е Индијан велс, кој се одржува од 9. до 19. март.

Се вчитува...