Ѓоковиќ спаси пет меч топки, па се пласираше во финалето во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на првиот турнир во 2017 година во Доха, иако беше на работ на пораз.

Ѓоковиќ со пресврт славеше против Фернандо Вердаско, во три сета, со 4-6,7-6(7), 6-3.

Интересно е дека Вердаско во тај-брејкот од вториот сет имаше четири врзани и вкупно пет меч топки, но Ѓоковиќ во тие моменти покажа дека и натаму поседува неверојатна ментална сила па успеа да го сврти мечот во своја полза.

Во финалето на турнирот Новак Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од втората полуфинална средба меѓу Енди Мареј и Томаш Бердих.

Се вчитува...