Ѓоковиќ: Топчето многу отскокнуваше, Надал подобро се снајде…

Новак Ѓоковиќ беше целосно надигран и апсолутно заслужено поразен на денешниот дуел со Рафаел Надал, па на вториот светски рекет не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот ривал. Сепак, Ѓоковиќ во изјавата по поразот посочи и причина што тој ја смета за значајна во битката за победата, нешто што делува како смешен изговор на тенисерот што повеќе воопшто не доминира на терените.

Можам само да му честитам на Рафа на заслужената победа. Нивото на игра му беше превисоко, погоди се што замисли. Денеска беше потопло отколку во претходните три дена, така што и условите за игра беа поинакви. Топчето отскокнуваше повисоко од вообичаено, а Надал подобро се снајде и побрзо се адаптираше на таа ситуација. Јас дадов се од себе во моментов, тоа не беше доволно, направив премногу неизнудени грешки, особено во првиот сет“ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер сега ќе ги насочи погледите кон турнирот во Рим, каде го очекува сличен распоред како и во Мадрид, во четвртфиналето би требало да се сретне со Нишикори, а ако стигне до полуфиналето, таму ќе го очекува нов дуел со Рафаел Надал.

Се вчитува...