Голден стејт го „потопи“ Сан Антонио во вториот меч од финалето на Западот

Кошаркарите на Голден стејт го поразија на домашен терен Сан Антонио со 136-100 во вториот меч од финалето на Западната конференција, сега поведувајќи со 2-0 во серијата.

Вориорси ја оправдаа фаворитската улога на овој меч, во кој Сан Антонио играше без повредениот Каваи Леонард што беше огромна олеснителна околност за домашните.

Првиот период Голден стејт го доби со 33-16, втората четвртина ја добија со 39-28 и веќе се беше јасно околу победникот на мечот. На крајот разликата беше неверојатни +36 поени.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стеф Кари со 29 поени, додека Дурант запиша 16 поени. Кај Спарси најдобар беше Симонс со 22 поени.

Следниот меч во серијата се игра в сабота, во Сан Антонио.

Се вчитува...