Голеада на Ливерпул за европска пролет, Роналдо е кралот на ЛШ

Англискиот тим Ливерпул го декласира Спартак Москва со фантастични 7-0 на „Енфилд роуд“ и се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите како првопласиран тим во групата Е. Понатаму оди и Севилја, која ремизираше на гости против Марибор (1-1).

Кутињо постигна хет – трик, Мане два пати ја погоди противничката мрежа, а во листата на стрелците се запишаа и Емре Чан и Салах.

Кристијано Роналдо испиша нов рекорд во Лигата на шампионите, откако постигна гол на сите шест натпревари од групната фаза. Тој стрелаше во вечерашниот триумф над Борусија Дортмунд (3-2) на „Сантијаго Бернабеу“ и има неверојатни девет гола. Борха Мајорал го отвори резултатот, а „милионерите“ од 2-0 успеаја да израмнат на 2-2, со двата гола на Обамејанг. Сепак, Лукас Васкез донесе победа за „кралевите“, со која Реал Мадрид е сепак второпласиран во групата Х. Тотенхем го потврди првото место во оваа група со триумфот од 3-0 над АПОЕЛ.

Порто со убедлива победа од 5-2 против Монако се пласира во следната фаза од ова натпреварување, како второпласиран тим од групата Г. Бешикташ славеше триумф (1-2) на гости против Лајпциг за потврда на лидерската позиција.

Шахтјор Доцецк исто така го продолжува патот во Лигата на шампионите, откако го совлада лидерот Манчестер сити на домашен терен со 2-1. Од групата Ф, Наполи ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.

Лига шампиони, резултати

Група Е: Ливерпул – Спартак Москва 7-0, Марибор – Севилја 1-1

Табела: Ливерпул 12, Севилја 9, Спартак Москва 6, Марибор 3.

Група Ф: Феенорд – Наполи 2-1, Шахтјор Доњецк – Манчестер сити 2-1

Табела: Манчестер сити 15, Шахтјор Доњецк 12, Наполи 6, Феенорд 3.

Група Г: Порто – Монако 5-2, Лајпциг – Бешикташ 1-2

Табела: Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2.

Група Х: Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 3-2, Тотенхем – АПОЕЛ 3-0

Табела: Тотенхем 16, Реал Мадрид 13, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.

Се вчитува...