Голем „брејк“: Антиќ и другарите ја освоија Атина

Фенербахче значитечно си ги зголеми шансите за пласман на фајналфорот од Евролигата откако тимот на нашиот Перо Антиќ вечерва славеше на гостувањето против Панатинаикос со 58-71, одземајќи му ја на грчкиот тим предноста ан домашниот терен во оваа четвртфинална серија. Иако против себе ја имаа традицијата која велеше дека ги загубиле последните десет меча на гостински терен против ПАО, кошаркарите на Фенер одиграа фанатична одбрана, неутрализирајќи ги главните оружја на противникот и на крајот заслужено радувајќи се на победата.

Успехот е уште поголем ако се знае дека Панатинаикос доминираше во првото полувреме, а грчкиот состав на почетокот од третата четвртина имаше и огромни 16 поени предност (44-28). Тогаш избраниците на Жељко Обрадовиќ влегоа во ритам, најпрвин ја стопија предноста на противникот, за потоа со фанатична одбрана во последниот период (пет примени поени во првите осум минути) и самите да стигнат до двоцифрена позитива, за конечен триумф од 58-71.

Перо Антиќ мина на теренот само две секунди, а најефикасни кај Фенербахче беа Богдановиќ со 23 и Калиниќ со 16 поени.

Се вчитува...