Голем хендикеп пред дебито во АБА 2: АВ Охрид без центарот Томас против Борац

Македонскиот претставник во АБА 2-лигата, АВ Охрид ќе биде без новото засилување, центарот Лијам Томас на денешниот деби меч против Борац во првото коло од втората Јадранска лига.

Австралиецот се здобил со повреда на скочниот зглоб за време на тренинзите минатата недела, но тренерот Петар Чочороски очекува да биде подготвен за мечот против Куманово во рамките од македонската Суперлига, кој се игра во сабота.

„На денешниот меч против Борац ќе бидеме без нашиот центар Томас, кој се здоби со повреда на скочниот зглоб. Повредата е од минатата недела, не е многу сериозна, па очекувам да се опорави и да биде подготвен до сабота, за средбата против Куманово“, истакна Чочоровски.

Томас се уште го чека своето деби во дресот на „галебите“. Го пропушти стартот на домашното првенство, кога Охрид славеше на гостувањето во Струмица, со резултат од 90-76.

Се вчитува...