Голем „удар“ за Денвер: Пол Милсап три месеци надвор од терените

Денвер доживува голем пех пред продолжението од сезоната бидејќи најверојатно на подолг временскиот период ќе остане без услугите на еден од своите најдобри кошаркари, Пол Милсап.

Крилниот центар кој сезонава ја засили екипата ќе мора на операција на зглобот од левата рака, поради што го очекува пауза од три месеци.

До повредата дојде на мечот со ЛА Лејкерс минатата недела, и иако првично се чинеше дека е само истегнување сепак има повреда на лигаментот. Ќе биде тоа голем „удар“ за Денвер. 32-годишниот Милсап досега има во просек по 15,3 поени и 6,2 скока во дресот на Денвер. Претходно во својата кариера настапуваше за Јута, а беше соиграч и на Перо Антиќ во Атланта каде настапуваше од 2008 до 2013 година.

Се вчитува...