Голем удар за Палермо, Несторовски во „аут“ три седмици

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе паузира три седмици од фудбалските терени, откако заработи посериозно истегнување на мускулот на десната нога. Ова е своевиден шок за италијанскиот второлигаш Палермо, кој води битка за експресно враќање во Серија А следната сезона.

Нестор – гол е капитен на Палермо и една од клучните алки во тимот. Неговото отсуство веднаш беше забележливо и изминатиов викенд, кога Палермо ремизираше без голови на домашен терен против Венеција. Несторовски се повреди претходно, но беше на клупата за резерви, а проценката на лекарите не беше толку сериозна.

Сепак, деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за истегнување на мускулот од прв степен, па Несторовски нема да биде во комбинација за настап на мечевите против Бари, Тернана и против Чезена. Надежите се дека ќе може да се врати во составот на дуелот против Салернитана на 28 декември.

Се вчитува...