Голема промена: Како ќе изгледа следното ЕП во ракомет?

Штотуку завршеното Европско првенство во Хрватска ќе биде и последно со таков формат, со оглед на промените што ЕХФ ги најави за континенталните ракометни собири почнувајќи од 2020 година.

Домаќини на ЕП 2020 за првпат во историјата ќе бидат три држави, и тоа Шведска, Австрија и Норвешка. Натпреварите ќе се играат во шест града, а интересно е што три од нив се во Шведска (Стокхолм, Гетеборг, Малме), два во Австрија (Виена и Грац) и само еден во Норвешка (Трондхајм). Финалето ќе се игра на „Теле2 арена“ во Стокхолм, со капацитет од 33.000 седишта, што ќе биде рекорд на европските шампионати.

Клучната промена сепак е зголемувањето на бројот на учесници, од 16 на 24 репрезентации. Тие ќе бидат распоредени во четири групи од по шест селекции, при што пласман во следната фаза обезбедуваат најдобрите три селекции од секоја група. Притоа, во втората рунда се формираат две групи од по шест репрезентации, со тоа што секоја од екипите ги пренесува бодовите од дуелите со ривалите што ја минале првата рунда.

Потоа најдобрите две селекции од секоја од новоформираните групи ќе се пласираат во полуфиналето, со што ќе почне разврската за поделба на медалите.

Се вчитува...