Големи промени во НБА: Нема веќе Исток против Запад на „Ол-стар“ мечот

Кошаркарската асоцијација на САД го направи првиот чекор кон укинување на конференциската поделба во НБА, па затоа „Ол-стар“ тимовите повеќе нема да ги носат имињата „Исток“, односно „Запад“.

„Ол-стар“ викендот од НБА-лигата се одржува секој фебруари месец уште од 1951. година, играчите се одбрани преку гласање на фановите. Секој љубител на кошарката досега имаше право да гласа кои кошаркари ќе бидат носители на дивизиите, односно првата петорка, додека резервите беа одбирани од тренерите.

Принцинот на одбирање играчи останува ист, навивачите ќе одбираат со гласање, но двајцата кошаркари кои ќе имаат најмногу гласови ќе бидат капитени на тимовите и секој ќе ја составува својата петорка. За пополнување на клупата, тренерите и натаму ќе имаат право да селектираат играчи по свој избор.

Натпреварот ќе биде и од хуманитарен карактер. Двете екипи ќе имаат право да одберат организација од градот-домаќин (оваа година е Лос Анџелес) на која ќе ги доделат паричните средства заработени од продажбата на влезници.

https://twitter.com/NBAAllStar/status/915291157437001729?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvelika-promjena-u-nba-ligi-allstar-utakmice-vise-nece-biti-istok-vs-zapad%2F998552.aspx

Се вчитува...