Големиот Буфон: Навивачите ја свиркаат химната, тој даде аплауз за Шведска (ВИДЕО)

Италијанскиот легендарен голман Џанлуиџи Буфон уште еднаш ја покажа својата спортска величина, пред самиот старт на вечерашниот реванш натпревар од баражот за пласман на СП во Русија. Фановите на „Сан Сиро“ ја свиркаа химната на Шведска, но тој даде аплауз, покажувајќи им како треба да се однесуваат кон гостите.

Иако ова може да биде и негов последен натпревар во дресот на „аѕурите“, со оглед дека најави дека ќе се прости по СП во Русија, тој сепак и понатаму во прв план го негува спортскиот пристап и почитта кон ривалите. Доколку Италија не се пласира на мундијалот, Буфон најверојатно вечерва ќе го одигра последниот меч за националниот тим. Но, неговите спортски и човечки квалитети ќе се паметат вечно…

Се вчитува...