„Големите држави“ добија место плус во ЛШ, „помалите“ полесен пат до Лигата на Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

„Големите држави“ добија место плус во ЛШ, „помалите“ полесен пат до Лигата на Европа

„Големите држави“ добија место плус во ЛШ, „помалите“ полесен пат до Лигата на Европа

Извршниот комитет при УЕФА на денешниот состанок во Нион само ги потврди претходните најави дека европската куќа на фудбалот ќе ја промени својата визија околу Лигата на шампионите. Имено, доколку идејата на Мишел Платини беше и на „малите земји“ да им е даде можност да стигнат до елитното европско натпреварување, неговиот наследник Цеферин веднаш се стави на страната на „големите“.

Така, по најновите промени четирите земји со највисок коефициент на ранг-листата на УЕФА од 2018 година ќе имаат директно по четири претставници во групната фаза од ЛШ. Ова значи дека половина од екипите учеснички во Лигата на шампионите ќе доаѓаат од Шпанија, Англија, Германија и најверојатно Италија, додека за останатите 16 места ќе се борат сите екипи од остатокот на светот.

Затоа пак „малите држави“ како своевиден надомест ќе добијат нешто полесен пат до групната фаза од Лигата на Европа. Имено, шампионите на овие земји кои ќе бидат елиминирани во квалификациите за ЛШ веднаш ќе се преселат во квалификациите за Лигата на Европа, со тоа што ќе бидат сместени во „посебен дел од квалификации“, каде би се среќавале едни со други, а не со клубови од „големите фудбалски земји“.

За одбележување е и одлуката за промена на термините на одигрување на натпреварите во ЛШ од 2018 години. Традицијата која трае со години наназад овие средби да се играат во 20.45 часот дефинитивно заминува во историјата, откако УЕФА реши од осумте средби кои ќе се играат во рамките од еден натпреварувачки ден (вторник и среда), по две да се на програмата од 19 часот, а останатите шест да стартуваат од 21 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.