Голманска фарса на хрватското дерби – Ливаковиќ е трагичарот на Динамо

Голманот Доминик Ливаковиќ е трагичарот на Динамо Загреб во убедливиот пораз од 4-1 на големото дерби против Ријека. „Модрите“ имаа предност од 0-1 на стадионот „Рујевица“ се до големиот „кикс“ на младиот голман, кој при изведување на гол-аут му ја додаде топката на еден домашен фудбалер, по што следеше израмнување.

Погледнете ја оваа фарса на Ливаковиќ, како уште еден доказ зошто на Динамо му е неопходен нов чувар на мрежата.

Се вчитува...