Голманските бравури на Даниловски и на Томовски (видео)

Одбраната функционираше беспрекорно, па Македонија го заврши осминафиналето со Алжир со само 20 примени гола.

Голманите беа скромни за свој стандарди и имаа вкупно седум интервенции (четири Томовски и три Даниловски), но сепак блескаа кога беше најважно.

Никола Даниловски неочекувано доби предност на стартот и веќе во првиот напад ги запре домаќините бранејќи пенал, за неколку минути подоцна да одбрани и зицер. Томовски одбрани седмерец во првото полувреме, а голманот на Металург потоа блесна во последните петнаесетина минути, запирајќи два зицери во периодот кога Македонија ја создаваше предноста.

Се вчитува...