Голот на Дориев за прва пролетна победа на Академија Пандев

Академија Пандев силно граби кон Првата лига на Македонија. Струмичани во првото пролетно коло стигнаа до триумф на гостувањето против Новаци со 0-1, благодарение на голот на Љупчо Дориев во 66. минута од средбата.

По овие три бода, Академија Пандев сега е на врвот со 40 бода, дури со 13 бода повеќе од второпласираниот Скопје.

Се вчитува...