Гонзалес: И кога се мачевме одбраната ни беше на ниво

Раул Гонзалес има причина за задоволство од настапите на Вардар на стартот од оваа сезона, откако „црвено-црните“ по големиот триумф над Барселона денеска ја продолжија и својата победничка серија во ЛШ, рутински совладувајќи го тимот на Загреб. Шпанскиот стратег ја посочи цврстата одбрана во првото полувреме како клучен фактор за победата на својот тим.

Да му честитам на Загреб, секогаш кога играме со Загреб имаме проблеми. Така беше и во лигата на шампионите. Мислам дека моите играчи се мачеа, особено во првите 15 минути. Нашата одбрана функционираше потоа како што сакавме, потоа имавме и неколку контри, и направивме добра разлика. Второто полувреме имавме исто проблеми на моменти, разликата дојде на четири голови, но повторно одигравме добро“ – изјави Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот.

Неговиот ривал на спротивната страна, Касим Каменица, не го криеше разочарувањето по новиот пораз од „црвено-црните“.

Игравме натпревар во четврток во ЛШ, а Вардар во сабота. Во тоа гледав шанса да влеземе посвежи од нашиот ривал. На тоа ја градев играта, да пробаме додека не се намести Вардар со играта. Во првото полувреме одбраната потфрли, не се одзва на тие совети. Ова е наше најслабо полувреме. Второто  полувреме беше нерешено. Вардар имаше и доста промашени шутеви, но ние одигравме подобро од првото полувреме“ – истакна Каменица.

Се вчитува...