Горан Пандев со инвестиција за македонската иднина: Поставен камен-темелникот на спортскиот центар „Пандев“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52
Коментари
20/11/2017 12:12

Горан Пандев со инвестиција за македонската иднина: Поставен камен-темелникот на спортскиот центар „Пандев“

Најголемата македонска фудбалска ѕвезда Горан Пандев, денеска во друштво на својата сопруга Надица, синот Филипо и ќерката Ана, со поставувањето камен-темелник го означи почетокот на изградбата на модерниот спортски центар „Пандев“ во Струмица.

pandev otvaranje

Пандев, како ретко кој домашен спортист, се одлучи вистински грандиозно да инвестира во својата земја преку изградбата на супер луксузниот спортски центар во кој ќе има хотел со 10 апартмани, 40 соби, СПА-центар, теретана, сауна, турска бања, модерни соблекувални, терен со вештачка трева и трибина со 350 седишта…

„Верувам дека ова ќе биде центар во кој ќе растат голем број квалитетни идни фудбалски генерации. Градиме центар не само за тренинг на младите фудбалери од академијата ’Пандев’, но и центар на кој ќе може да се играат и официјални натпревари со дозвола на ФИФА и УЕФА, бидејќи истиот ќе биде граден согласно највисоките светски стандарди“ – истакна Пандев.

sportski centar

Спортскиот центар „Пандев“ ќе го гради компанијата „Жикол“ од Струмица, а треба да биде готов ннајдоцна до декември 2015 година.

ФОТО: www.strumicanet.com

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.