Ѓорческа немаше среќа како „среќна губитничка“ во Бил

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа доби шанса да се натпреварува во првото коло на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија, како „среќна губитничка“, но загуби од чешката тенисерка Маркета Вондроусова со 2-0 во сетови.

Вондроусова го доби првиот сет во тај-брејк, на поени со 7-4, и се чини дека тука го скрши отпорот на Лина Ѓорческа. Во вториот сет Ѓорческа одигра многу послабо и загуби со 6-1 во гемови.

Се вчитува...