Ѓорческа стартува против Австралијката Аиава на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе стартува против Австралијката Дестани Аиава во првото квалификациско коло на Грандслем турнирот УС Опен во Њујорк.

Ждрепката пред квалификацискиот турнир одлучи Ѓорческа да се сретне со 17-годишната Аиава на стартот, која е на 152. место на ВТА ранг листата.

Ова е втор настап за македонската тенисерка во квалификациите на УС Опен. Минатата година загуби во првото коло од Американката Катерине Белис. Сега, Ѓорческа повторно се враќа на тениските терени по паузата од јули кога, откако го освои фјучерсот во Франција, мораше да паузира поради повреда.

Мечот против Аива, македонската тенисерка ќе го игра утре.

Се вчитува...