Ѓорѓев на позајмица во швајцарскиот второлигаш Арау

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, во наредните шест месеци ќе настапува за швајцарскиот второлигаш Арау како позајмен играч. Тој не се снајде најдобро во холандскиот прволигаш Твенте, па оваа зима беше во потрага по нов клуб каде ќе има многу поголема минутажа. Беше на проба во австрискиот Алтах, но не успеа да се договори со раководството на клубот, и на крајот одлучи да му пристапи на Арау.

Ѓорѓев има пет настапи за сениорскиот национален тим на Македонија, а се уште има право на настап и за селекцијата до 21 година. Тој беше дел и од минатата генерација, која учествуваше на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година.

Се вчитува...