Ѓорѓев не потпиша за Алтах, потрагата по нов клуб продолжува

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Никола Ѓорѓев, ја продолжува потрагата по нов клуб откако не успеа да се наметне на пробата во Алтах за да потпише договор со овој австриски клуб.

Ѓорѓев ги мина последните неколку дена тренирајќи со Алтах, за вечерва да биде обелоденето дека „тренерот бил со став дека Никола има слични квалитети со играчите што веќе се под договор, па нема потреба тој да биде потпишан“.

Никола Ѓорѓев беше член на швајцарски Грасхоперс, од каде на почетокот од сезонава се пресели во Твенте. Иако на стартот беше и стандарден првотимец во холандскиот шампионат, неговата минутажа потоа драстично се намали, по што Ѓорѓев ја почна потрагата по нов клуб.

Се вчитува...