Ѓорѓев: Ова ми е прв гол за Македонија, но жалам за испуштената победа

Никола Ѓорѓев засекогаш ќе го памети денешниот дуел со Србија, на кој овој офанзивен играч го постигна својот прв гол во репрезентативниот дрес. Сепак, кај него останува тагата што одличното второ полувреме (по неговото влегување во игра на местото на Аврамовски) не беше крунисано со победа и три бода.

Среќен сум за голот, бидејќи тоа беше и мојот прв погодок постигнат за Македонија. Сепак, не можам да не жалам за загубените два бода, бидејќи нашата цел беше да одиме на победа, да покажеме дека вредиме и дека неслучајно сме дел од овој европски шампионат. Не знам што се случи во првото полувреме, бевме премногу нервозни, до триесеттата минута му дозволивме на противникот да доминира. Потоа се консолидиравме, во второто полувреме истрчавме на теренот, одигравме онака како што знаевме, сите гиневме еден за друг и тоа ни го овозможи пресвртот“ – изјави Ѓорѓев.

Фудбалерот на Грасхоперс воедно и најави максимално храбра игра и на третиот дуел во групата, против селекцијата на Португалија.

И против Португалија ќе играме исто како и досега, храбро и со желба за победа. Сите сакаме да се израдуваме на тој прв триумф, воедно да им донесеме радост на сите оние кои дојдоа овде во Полска да ни дадат поддршка, како и на сите во Македонија“ – порачува Ѓорѓев.

Се вчитува...