Ѓорѓевиќ пресече: Марјановиќ ќе игра за Србија на Евробаскет 2017 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Ѓорѓевиќ пресече: Марјановиќ ќе игра за Србија на Евробаскет 2017

Ѓорѓевиќ пресече: Марјановиќ ќе игра за Србија на Евробаскет 2017

Србија ќе биде посилна за Бобан Марјановиќ за претстојниот Евробаскет 2017, откриваат медиумите од нашиот северен сосед. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ се уште не го соопштил списокот на играчи за стартот на подготовките, но тој веќе им открил на новинарите дека Марјановиќ ќе добие шанса за настап и искупување, откако српскиот џин не настапи на последното Европско Првенство поради наводна повреда, како и на Олимписките Игри во Рио де Жанеињо, бидејќи во тој период требаше да потпише мегадоговор со Детроит пистонс.

Ѓорѓевиќ лани беше бесен на екс-играчот на Црвена звезда и порачуваше дека тој нема да биде во составот во блиска иднина, но ситуацијата се промени откако Никола Јокиќ сега стана неизвесен за настап на европскиот шампионат. Извонредниот центар би сакал летово да остане во САД за да напредува на физички план, на тоа инсистира и неговиот клуб Денвер нагетс, па стручниот штаб од таа причина реши да му даде нова шанса на Марјановиќ, за затворање на „дупката во рекетот“.

Србија е дел од групата Д на Евробаскет 2017, заедно со селекциите на Турција, Русија, Белгија, Латвија и Велика Британија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.