Ѓорѓи Мојсов се приклучи на Силекс

Кратовскиот прволигаш Силекс ангажираше уште едно засилување за пролетниот дел од шампионатот. Станува збор за Ѓорѓи Мојсов, искусен фудбалер од средниот ред, кој претходно беше интернационалец во Казахстан, а во Македонија го носеше дресот на повеќе прволигашки клубови. Мојсов се приклучува во работата на кратовскиот прволигаш и ќе потпише договор на шест месеци, со опција за продолжување на соработката на уште една дополнителна сезона.

„Го ангажиравме Ѓорѓи Мојсов, искусен фудбалер од средината на теренот кој сигурно ќе ни биде од голема помош во пролетниот дел од сезоната. Ќе ни го донесе неопходното искуство, како и креација во маневарот. Што се однесува до подготовките, работиме напорно, иако снежните услови во Кратово навистина го отежнуваат планот. Но, можеби ваквите услови се и добредојдени за првата фаза од подготовките, а потоа ќе заминеме во Анталија, каде ќе работиме со топка и ќе одиграме пријателски натпревари“, вели за ЕКИПА, тренерот на Силекс, Жикица Тасевски.

Претходно, Силекс го ангажираше и десниот бек Филип Глигоров од Шкупи.

Се вчитува...