Ѓоргиев ја прекина серијата порази на Онико

Екипата на Онико ја прекина мини-серијата од два порази во полскиот шампионат откако синоќа славеше на гостувањето против Завиерце со 2-3 во сетови.

Најзаслужен за овој триумф е капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, кој учествуваше со 25 поени во победата на својата екипа. По почетната негатива од 1-0 Ѓоргиев и соиграчите поведоа со 1-2 во сетови, домашниот тим успеа да стигне до израмнување, но ОНИКО славеше во тајбрејкот со 12-15 и стигна до својата петта победа сезонава.

Екипата на македонскиот ас моментно се наоѓа на осмото место на табелата во полското првенство.

Се вчитува...