Ѓорѓиев тргна со две победи во јапонскиот плејоф

Никола Ѓорѓиев продолжува со одличните игри во јапонскиот шампионат, каде токму македонскиот одбојкар е најзаслужен за извонредните настапи на тимот на Торај ероус.

Оваа екипа викендов играше два тешки натпревари, против Сакаи блејзерс и против Панасоник, успевајќи да слави и на двете со максимални 3-0 во сетови.

Ѓорѓиев беше во елемент и на дввете средби, па така Македонецот освои 21 поен на дуелот со Сакаи, од кои 17 во фаза на напад, три ас-сервиси и еден блок. Нашиот најдобар одбојкар беше одличен и против Панасоник, освојувајќи 22 поени (21 од напад, еден ас).

Со овие две победи Торај се задржа на второто место во плејофот со 10 поени, еден помалку од лидерот Тојота.

Се вчитува...