Ѓорѓиевска: Шведска е велесила, а нашата репрезентација се движи во нагорна линија

Елена Ѓорѓиевска изрази задоволство од растот во формата на македонската репрезентација во изминатиот период. Без оглед на убедливиот пораз од Шведска, десниот бек на нашиот национален тим смета дека мора да се гледа позитивно на чекорот напред со самиот пласман во овој бараж, преку успешните квалификации на турнирот што се одржа на Фарските острови.

Искрено, јас сум задоволна од една страна од остварениот успех со пласманот во овој бараж, од друга страна знам дека можевме да сториме и многу повеќе на оваа средба. Сите сакаме да одиме и на СП, но некои работи сепак не можат да се случат преку ноќ, треба да продолжиме да работиме и да тренираме, ова е прв чекор, пласманот во баражот, очекувам да напредуваме уште повеќе во периодот што следи. Ме радува што репрезентацијата ни се движи во нагорна линија, гледам мотивираност, желба за напредок, Шведска е светска велесила и овој пораз нема да остави преголема трага врз нашата самодоверба“ – истакна Ѓорѓиевска по вечерашниот пораз.

Се вчитува...