Ѓорѓиоски на фудбал со легендарните Марадона, Боњек, Роналдињо, Кака….

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски за момент заборави на работните задачи на Конгресот на ФИФА во Бахреин и одигра партија фудбал со легендите на светскиот фудбал од калибaрот на Диего Армандо Марадона, Збигњев Боњек, Кака, Роналдињо, Дејан Савичевиќ и уште дузина планетарни ѕвезди од минатотоНа едната страна на теренот се најдоа Претседателите на федерациите и Генералните секретари, а на спротивната големите фудбалски асови. Одбрано друштво со вистински фудбалски асови, кои секој на свој начин и во различни периоди оставија траен печат во светскиот фудбал.Посебна вредна е средбата со првиот човек на полската федерација, Збигњев Боњек, како загревање за настапот на нашата млада селекција на ЕП во Полска. Боњек кој беше голема ѕвезда на полската репрезентација и на Јувентус, е во организацискиот одбор на младинското ЕП. Македонските фудбалски херои ќе имаат историски настап на големо натпреварување, следниот месец, од 16. до 30. јуни.

Се вчитува...