„Гори“ во Ница – Балотели бесен поради поразот од Марсеј (ВИДЕО)

Напаѓачот на Ница, Марио Балотели вчера го покажа својот гнев откако неговиот тим ја изгуби предноста од два гола против екипата на Олимпик Марсеј, па мечот го загубија со резултат од 4-2 на вивен терен.

Балотели влегувајќи во соблекувалната на домашниот состав, удри по платформата каде по мечот фудбалерите на Ница даваат изјави. Италијанскиот репрезентативец потоа продолжи да употребува вулгарни зборови на својот мајчин јазик, изразувајќи големо незадоволство од начинот на кој неговиот тим ја загуби солидната предност.

Ница по 15 минути игра во првиот дел водеше 2-0, токму Балотели во 4. минута го отвори резултатот, за на полувремето да се најдат во недатива од еден гол, откако избраниците на Руди Гарсија направија пресврт пред паузата.

https://twitter.com/jplusun/status/914613441142370305?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.footmercato.net%2Fflash-mercato%2Fle-coup-de-sang-de-balotelli-a-la-mi-temps-de-nice-om_211467

Се вчитува...