Ѓоровиќ: Македонскиот фудбал е во голем подем

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година в петок (15 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека селекцијата на Србија во вториот меч од квалификациите за ЕП 2019. Иако важат за главни фаворити во групата, Србите имаат максимален респект за нашиот млад национален тим.

Селекторот Горан Ѓоровиќ вели дека македонскиот фудбал е во голем подем и тоа е повеќе од евидентно во последните неколку години.

„Нема сомнение дека македонскиот фудбал е во подем. На ова во прилог одат и резултатите на репрезентацијата, но и на клубовите. Добри ги знаеме нивните квалитети, но, сепак, има многу промени во двете селекции од претходниот дуел што го имавме на Европското првенство. За нас е тоа тешко гостување, но веруваме во нашите квалитети и ќе се потрудиме да оствариме позитивен резултат“, вели селекторот на младата фудбалска репрезентација на Србија до 21 година.

 

Се вчитува...