Гостивар го доби дербито со Велазерими за враќање на врвот на Западот

Фудбалерите на Гостивар го запоседнаа врвот на Втората лига – Запад откако славеа во дербито против Велазерими во Кичево со 0-1 во првиот натпревар од пролетниот шампионат.

Во првиот меч од 15. коло, на стартот од пролетта, Гостивар славеше со голот на Флорент Османи во 75. минута од средбата.

По овој триумф, Гостивар со 28 бода се врати на врвот од табелата пред Велазерими кој остана на 25 бода. На третото место е Струга Трим Лум кој утре го очекува својот дуел на гостувањето против Тетекс во Тетово.

Утре се играат уште три натпревари во Втората лига Запад. Зајази го пречекува Еуромилк ГЛ, Лабуништа во Струга ќе биде домаќин на Локомотива, а Македонија ЃП ќе биде домаќин на Новаци.

Се вчитува...