Гостивар убедлив со Фени, Пелистер го победи Шкупи

Кошаркарите на Гостивар на убедлив начин го совладаа Фени индустри (92-59), а Пелистер го изненади Шкупи на гости и славеше со 81-86. Тимот на Марјан Србиновски уште во првата четвртина создаде двоцифрена предност против кавадарчани (29-13), а потоа се беше речиси рутина за домашниот тим. Јурај Шегариќ постигна 26 поени за Гостивар, а одличен меч против својот довчерашен тим имаше и Андреј Магдевски, кој уфрли 21 поени.

Кај тимот на Фени, единствен расположен за игра беше Јане Петровски со 18 поени.

Пелистер го совлада Шкупи на гостински терен, а си создаде предност (12-22) по првата четвртина. Во завршницата беше многу интересно, Шкупи стигна до само еден поен негатива (81-82), но „пелистерци“ сепак беа поснаодливи и на крајот славеа со 81-86.

Ѓорѓи Аанакиевски со 30 поени беше незадржлив за Шкупи, а Роберт Луис постигна 17 поени. Кај Шкупи, Џонатан Догбо беше најефикасен со 22 поени.

Се вчитува...