Готфридсон: Вардар е силен, го видовме тоа против Веспрем

Фленсбург пред три години го елиминираше Вардар од Лигата на шампионите, но за разлика од тој период сега ситуација е променета. Германците веќе ја немаат фаворитската улога бидејќи „црвено-црните“  играат одлично цела сезона, го освоија првото место во својата група, а неодамна со фантастичен натпревар го натераа на капитулација и тимот на Веспрем и се закитија со трофејот во СЕХА-лигата.

Токму затоа, ракометарите на Фленсбург со огромен респект гледаат на македонскиот првак, свесни дека на денешниот прв меч во Германија, како и на реваншот в четврток во Скопје, ги чека пеколно тешка задача ако сакаат да стигнат до билет за Ф4 во Келн.

Пред нас е исклучително тежок натпревар, Вардар е многу силен, го видовме тоа на мечот со Веспрем на кој нашиот следен противник ја освои силната СЕХА-лига. Сепак, наша цел секогаш е без оглед на противникот да одиме на победа, тоа е случај и овојпат. Една работа е јасна, ќе настојуваме да триумфираме и дома и потоа во Скопје. Желба ми е најпрвин да славиме со неколку гола разлика на домашен терен, за потоа со уште поголема самодоверба да патуваме на реваншот во Македонија“ – изјави Џим Готфридсон, шведскиот бек во редовите на Фленсбург.

Се вчитува...