„Граѓаните“ го „крадат“ Данило од Челси

Антонио Конте ќе остане без уште едно посакувано засилување откако десниот бек на Реал Мадрид, Данило, наместо на „Стемфорд бриџ“ ќе се пресели во редовите на Манчестер сити. Челси е сериозно загреан за овој фудбалер како решение за позицијата десен бек, Данило дури и ги договори личните услови со Челси, но двата клуба не успеваа да најдат заеднички јазик.

Ова го искористи Пеп Гвардиола за експресно да постигне договор со „кралскиот клуб“ за ангажман на десниот бек кој не е дел од плановите на Зидан. Газдите на Сити се согласиле да платат 30 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра преку неколку клаузули, по што Флорентино Перез и Зинедин Зидан дале зелено светло за заминување на бразилскиот дефанзивец.

Данило ќе биде вториот десен бек што „граѓаните“ го носат во овој преоден рок откако претходно го договорија и трансферот на Кајл Вокер од Тотенхем. Во тек се и преговорите за нов лев бек, при што приоритет на Гвардиола е доаѓање на Менди од редовите на Монако.

Се вчитува...