„Граѓаните“ никому не простуваат: „Покер“ за Свонси и 15.победа по ред

Манчестер сити е казнена експедиција во Премиер – лигата оваа сезона. Тимот на Пеп Гвардиола стигна до 15.победа по ред, откако го декласираше Свонси на гости со 0-4.

Давид Силва и Кевин де Бруин во првото полувреме обезбедија сигурна предност за „грашаните“, а во вториот дел серијата продолжи. Давид Силва постигна уште еден погодок, а во завршницата и Серхио Агуеро се запиша меѓу стрелците.

Лестер славеше на гости со 1-4 против Саутемптон, а гостински триумф оствари и Евертон, кој го совлада Њукасл со 0-1.

Се вчитува...