Гринберг: Македонија нема право на грешка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35
Кошарка
10/12/2017 18:43

Гринберг: Македонија нема право на грешка

Гринберг: Македонија нема право на грешка

Косово ја изненади Македонија со победа во првото коло од претквалификациите за СП 2019, а селекторот Бред Гринберг очекува од своите избраници и вечерва (20.30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ да прикажат слична игра како пред десет дена во Приштина.

Знаеме колку е значаен овој натпревар за нас. Исто така, знаеме колку е значаен за Македонија, која нема право на грешка по првите два порази. На последниот меч во Талин претрпевме пораз, очекувам овојпат да покажеме далеку поголема агресивност во одбраната и да одиграме на посакуваното ниво. Знам дека моите кошаркари ја разбираат големината на предизвикот пред нив и дека ќе го дадат својот максимум на теренот“ – изјави Гринберг во пресрет на денешниот натпревар.

Неизвесно е дали косовскиот селектор ќе може да смета на капитенот Дардан Бериша, кој се повреди во финишот од дуелот со Естонија, но затоа во составот ќе се најде натурализираниот Американец Скот Бамфорт, кој допатува со селекцијата во Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.