Гризман даде гол по три месеци, Атлетико го совлада Еибар

За Атлетико Мадрид да влезе во победнички ритам неопходно е Антоан Гризман да почне да погодува. Токму затоа, огромна беше радоста меѓу фудбалерите на „јорганџиите“, откако францускиот ас го постигна вториот гол на гостувањето против Еибар и ја запечати победата на својата екипа.

За Гризман ова беше прв гол во Примера дивизион по пауза од повеќе од три месеци, откако на почетокот од октомври постигна погодок, по што следеше пост од неверојатни 822 минути игра без да ја затресе противничката мрежа.

Претходно, првиот гол за Атлетико беше дело на Саул Нигез, а тимот на Диего Симеоне со победата се искачи на четвртото место пред Вилјареал, тим што утре го игра дербито на домашен терен против шампионот Барселона.

All Goals & Highlights HD – Eibar 0-2 Atletico… by arcturusmedia33

Се вчитува...