Гризман донесе радост на новиот стадион на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид имаше триумфално отворање на новиот стадион „Ванда Метрополитано“, откако тимот на Диего Симеоне вечерва по голема битка славеше над Малага со 1-0.

„Јорганџиите“ дефинитивно се наоѓаат далеку од посакуваната форма, повторно се мачеа да наметнат игра и да создадат стопроцентни шанси, но за среќа го имаа Јан Облак, кој одбрани зицер на гостите при резултат 0-0. Радост на домашните фанови на новата арена им донесе Антоан Гризман, кој со гол го круниса одличното додавање на Аргентинецот Кореа, за нов триумф нa Aтлетико по четири одиграни кола во Примера дивизион.

Antoine Griezmann GOAL HD – Atl… by alexpaul-percec

Се вчитува...