Гризман го откачи Мурињо и се договори со Барселона

Антоан Гризман донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера прифаќајќи ги понудените услови од Барселона, со што го разочара Жозе Мурињо. Францускиот интернационалец делуваше „пазарено“ во Манчестер јунајтед, но ситуацијата се искомпликува со трансфер-забраната на Атлетико поради што „јорганџиите“ решија да го задржат својот најдобар стрелец.

„Ѓаволите“ очекуваа трансферот вреден 100 милиони евра да се комплетира на крајот од сезонава, но според последните информации од Франција, Барса успеала да го „украде“ Гризман пред „носот“ на Мурињо. Како што јавува „Le 10 Sport“, голгетерот ги договорил личните услови со каталонскиот гигант, а во завршна фаза се и разговорите со Атлетико околу висината на отштетата. Французинот добил ветување од клупската управа дека ќе му биде дозволено да си замине во летниот преоден рок во 2018, па се очекува трансферот да се реализира иако стнаува збор за разговори меѓу два лути ривали.

Гризман ќе биде големо засилување за каталонскиот гигант, а според шпанските медиуми овој трансфер не ги менува плановите околу доаѓањето на Филипе Кутињо, за чиј ангажман преговорите со Ливерпул ќе продолжат.

Се вчитува...