Гризман го „попари“ Јунајтед, бара 400.000 фунти неделна плата

Францускиот интернационалец Антоан Гризман беше поврзуван со летен трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона, но повеќе од очигледно е дека Фелипе Кутињо го фати возот пред него и пристигна на „Камп Ноу“, а теѓко веројатно е каталонскиот гигант да може да реализира уште еден мегаломански трансфер по завршувањето на сезоната. Оттаму повторно најреална опција за Гризман е да се пресели на „Олд трафорд“ во летниот преоден рок.

Но, медиумите на Островот откриваат дека барањата на Гризман се огромни, кога се во прашање финансиските услови. Французинот побарал 400.000 фунти неделна плата од раководството на Манчестер јунајтед, што треба да го направи еден од најплатените фудбалери во Премиер – лигата.

Во досегашните преговори, Јунајтед понудил да ја плати отштетата вредна 90 милиони фунти за негов трансфер од Атлетико Мадрид, но и „само“ 290.000 фунти неделно за Гризман. Останува деталите да се пеглаат до јуни…

Се вчитува...