Гризман: Мојата иднина ќе ја разрешам пред стартот на мундијалот

Антоан Гризман е во фокусот на вниманието во Шпанија. Ќе остане во Атлетико Мадрид или ќе ја засили Барселона, е прашањето што ги мачи фановите на двата клуба. А одлуката ќе падне пред почетокот на Светското првенство во Русија. Французинот вели дека сака мирен да настапува на мундијалот во селекцијата на „триколорите“.

„Мојата иднина ќе ја разрешам пред почетокот на Светското првенство. Сакам во Русија да одам со слободен дух, растоварен од такви грижи. Знаете, веќе сум преморен од прашања од типот…Каде ќе одиш? Ќе останеш ли во Атлетико? Тоа ќе биде разрешено до 14 јуни, верувајте ми на зборот. И ќе биде јавно објавено, без да треба дополнително да им објаснувам на сите“, изјави Гризман за француските медиуми, на собирот на „триколорите“.

Се вчитува...