Гризман: Не сакам да си одам од Атлетико Мадрид

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е еден од најпосакуваните напаѓачи во Европа и се очекува да биде прва ѕвезда на летниот преоден рок. Медиумите на Островот веќе го преселија во Манчестер јунајтед, но за него постои сериозен интерес и од Пари Сен Жермен и од Интер. Но, тој вели дека се уште не чувствува потреба да си замине од Атлетико Мадрид.

„Кога бев во Реал Сосиедад, почувствував дека ми е потребна промена. Но, тоа чувство сега го немам. Би сакал да останам во Атлетико Мадрид, тука ми е убаво, а и Примера за мене е лигата во која можам да го дадам максимумот. Гермаанија н ме привлекува премногу, Франција не ја гледам како опција во овој момент, а што се однесува до Англија – имам двоумење поради климата“, изјави Гризман.

 

Се вчитува...