Грнчаров: Ова е историска шанса за нас, мораме да ја искористиме

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров, е свесен за големината на Фенербахче, но смета дека македонскиот првак мора да ја искористи оваа шанса доколку сака на „Филип Втори“ да игра европска фудбалска есен. Грнчаров му посака среќа и успех на новиот тренер, Чедомир Јаневски, истакнувајќи дека „црвено-црните“ имаат втора историска можност што сега треба да ја грабнат со сите сили.

„Утре добиваме втора шанса за влез во европско натпреварување. Пред нас е голем противник, можеби најголемиот клуб кој играл во Скопје последниве години. Јасно е дека Фенербахче поседува фудбалери кои можат сами да го решат мечот, анализиравме се што сметавме дека може да биде закана за нас. Ние сме подготвени за предизвикот, очекувам и навивачите максимално да не поддржат. Откако бевме елиминирани во квалификациите за Лигата на шампионите, добиваме нова шанса да се поправиме и да ја израдуваме македонската публика. За нас не е важно дали ќе игра Ван Перси или Солдадо. Ете се случи Ван Перси да не игра, но нас не интересира само она што се однесува за Вардар, додека за противникот мислиме само како да го совладаме, без разлика кој фудбалер е пред нашиот гол. Ова е историска шанса за нас, мораме да ја искористиме. Исто така сакам да му посакам среќа на нашиот нов тренер, добро го познавам неговиот начин на работа и сметам дека ќе успее во работата“, истакна Грнчаров.

Се вчитува...