Грнчаров: Самсоненко треба да вложува трипати повеќе ако сакаме во Европа повеќе!

Вардар со реми (1-1) против Розенборг го заврши својот настап во Лигата на Европа. Во голема мера не баш славно, ако се знае дека освои само еден бод од шестте меча со гол разлика од 3-20, убедливо најслаба екипа во годинашното натпреварување на Лигата на Европа.

Но, капитенот на „вардарци“, Бобан Грнчаров онака реално по синоќешниот меч со Норвежаните јасно потенцираше дека ако се сака нешто повеќе во Европа, газдата на клубот Сергеј Самсоненко ќе треба многу повеќе да го „одврзе ќесето“.

„Ако го гледаме само денешниот натпревар тогаш без сомнение заслуживме со победа да го завршиме ова натпреварување. Покажавме дека може да се надигруваме со тимови како Розенборг, но да бидеме реални далеку сме од екипи како Зенит или Реал Сосиедад. За рамноправно европско натпреварување треба многу повеќе. Ако сакаме да играме постојано во Европа или во Лигата на шампионите тогаш и газдата на клубот треба да вложува трипати повеќе. Со вакви вложувања далеку сме од Европа“ – рече Грнчаров по синоќешниот дуел на „Филип Втори“.

Се вчитува...