Грците без селектор, Мисас си поднесе оставка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

Грците без селектор, Мисас си поднесе оставка

Грците без селектор, Мисас си поднесе оставка

Костас Мисас повеќе не е селектор на Грција откако овој стратег си поднесе оставка по поразот во четвртфиналниот дуел против селекцијата на Русија.

Ваквиот исход е очекуван со оглед на фактот дека Мисас го презеде кормилото во последен момент, потпишувајќи договор за селектор на 27 јули откако претходно беше технички советник во Грчката Кошаркарска Федерација. Тој неодамна беше именуван за технички директор на женскиот тим на Олимпијакос, функција на која ќе се посвети во следниот период.

Главни фаворити за нов селектор на Грција во моментов се искусниот Сулис Макропулос, кој ја заврши ланската сезона на чело на ПАОК, како и селекторот на младинската репрезентација, Илијас Папатеодору.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.