Ѓукиќ по големиот успех: Во Партизан е невозможно да се работи без тензија!

Тренерот на Партизан, Мирослав Ѓукиќ е горд на своите фудбалери по големата победа над Јанг Бојс од 2-1 со која „црно-белите“ го осигураа пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа.

„Јанг Бојс во швајцарската лига е со седум бода предност во однос на Базел кој, пак, го победи Манчестер јунајтед. Се ви е јасно… Ова беше врвна група. Им честитам на моите фудбалери на карактерот и големата борбеност. Беа вистински херои оваа вечер“ – истакна Ѓукиќ по победата, притоа веднаш одговарајќи и на повиците од одредени навивачи на Партизан тој да си замине од клубот.

Ѓукиќ на повиците од дел од навивачите за негово заминување, со интересен и реален коментар…

„Со овој голем успех си купив само малку време да можеме помирно да работиме и напредуваме. Но, во Партизан никогаш не било возможно да се работи мирно. Сум бил и во уште некои големи европски клубови, но тензиите кои тука се создаваат се навистина преголеми. Тешко им е и на фудбалерите да играат под таков постојан притисок. Треба малку да се опушти атмосферата, затоа што константно сме под некаков притисок. Партизан е клуб кој секогаш сакал да создава врвни фудбалери, а не да создаваме психолошки уништени суштества“ – вели Ѓукиќ.

Се вчитува...