Густавсон: Треба да решиме како да го запреме Кире Лазаров…

Пол Берген Густавсон немаше свој ден на голот на Исланд во четвртокот, но голманот на Бергишер очекува далеку подобро издание на денешниот дуел во Рејкјавик меѓу двете селекции. Исланѓаните се соочувааат со огромен притисок бидејќи евентуален пораз би значел огромен чекор наназад во трката за место на ЕП, но искусниот голман верува дека тој и неговите соиграчи вечерва (21.45 часот) ќе одговорат на предизвикот.

Ова е нашиот дом. Немавме добар дочек во Македонија, ниту во хотелот, ниту во салата, сега е време да им покажеме како е да се игра во Исланд. Во нашата сала секогаш има посебна атмосфера, верувам дека и овојпат на крилата на навивачите ќе стигнеме до победата. Секој пораз може уште повеќе да ни ја искомпликува судбината, затоа мораме да славиме, за нас и за нашиот народ“ – истакна Густавсон.

Исландскиот голман напомена и дека неговиот национален тим ќе мора да најде подобар начин да го неутрализира Кире Лазаров, кој одигра фантастично во Скопје.

Не е тајна дека Лазаров е главниот играч на Македонија. Она што ние треба да сториме е да избереме, дали ќе го блокираме на шутевите или ќе внимаваме да не додава толку често на пивотот, бидејќи и во двете ситуации одлично се снаоѓа. Тој целосно го контролираше мечот во Скопје, на нас е да го исфрлиме од ритам на реваншот“ – потенцираше чуварот на мрежата на исландската репрезентација.

Се вчитува...