Гвардиола го купува Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад

Манчестер сити е доминантен во Премиер – лигата оваа сезона, но менаџерот Пеп Гвардиола размислува за нови засилувања во својот тим кои би пристигнале во летниот преоден рок. Една од неговите желби е Ињиго Мартинез, дефанзивецот на шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, кој е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Гвардиола сака да има повеќе опции во централната одбранбена линија, со оглед дека капитенот Винсен Компани многу често се повредува, а во моментов надвор од терените е и Џон Стоунс.

Се вчитува...