Гвардиола и Клоп „во клинч“ – лекција за Конте и Мурињо

Максимално возбудливо беше денешното дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул што заврши 1-1, а и двата тима пропуштија по неколку стопроцентни шанси за да стигнат до цел плен. Фантастична битка се водеше на теренот, а интересно беше и крај аут-линијата, каде за момент Пеп Гвардиола и Јирген Клоп им приредија шоу на фановите.

Незадоволен од една судиска одлука, Пеп тргна жестоко кон Клоп, за потоа да му подаде рака на својот ривал. Лекција по фер-плеј за Антонио Конте и Жозе Мурињо, кои минатата седмица за малку ќе се фатеа за врат за време на една слична ситуација во ФА Купот на Англија.

Guardiola offrant un superbe check avec Klopp by emmapollard

Се вчитува...